Втор гол сезонава на Ивановски за српскиот Јавор (ВИДЕО)

Втор погодок за македонскиот интернационалец Филип Ивановски (32) во најсилното српско првенство оваа сезона.

Тој стрелаше во триумфот на неговиот клуб Јавор Ивањица на домашен терен со конечен резултат 3:2 против екипата на Рад.

На табелата Јавор после втората победа во шампионатот е на претпоследната 15. позиција со седум бодови, колку што има и Борац на дното, а лидер е Црвена Звезда со 28 бодови.

ГОЛОТ НА ИВАНОВСКИ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА 00:48 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ: