Во трка за шампионската титула: Спировски со прекрасен гол во унгарското дерби! (ВИДЕО)

Ова е втор погодок за македонскиот интернационалец во унгарскиот шампион сезонава од 11. настапи…

Во дербито на домашен терен составот на Ференцварош триумфираше со 3:1 над Видеотон и токму овие две екипи моментно го делат првото место на табелата со по 38 бодови.

Во 34. минута Стефан Спировски кој го одигра целиот меч во Будимпешта постигна еден прекрасен гол за водство од 1:0.

Фото: fradi.hu