Видео што мотивира, одличните фудбалски вештини на Ана Милчевска!

Пред крајот на 2017. година ви споделуваме едно мотивирачко видео…

Ана Милчевска, македонското девојче поседува одлични фудбалски вештини како најголемите мајстори на овој спорт.

Го направи ова видео со цел да помогне и да се мотивира самата себе, како и другите кои имаат сон. Тренира фудбал и е дел од женскиот фудбалски клуб „Драгон“.

Одржувајте ги живи вашите соништа. За да се постигне нешто во животот, се бара вера и верување во себе, визија, напорна работа, решителност и посветеност.

Запомнете дека сите работи се можни за оние кои веруваат, и никогаш не се откажувајте, бидејќи мора да работите за вашиот сон, да го заслужите!