Виареџо Куп: Ристовски и Риека ремизираа на стартот против Јувентус! (ВИДЕО)

На меѓународниот фудбалски традиционален турнир „Виареџо Куп“ во Италија хрватскиот клуб на Риека за играчи до 19. години стартуваше со реми.

Македонската фудбалска надеж Милан Ристовски (помладиот брат на Стефан Ристовски од Спортинг Лисабон) беше во составот на Риека на првиот натпревар против У19 Јувентус (2:2).

Нашиот играч во текот на мечот имаше неколку можности да ја затресе мрежата на „Старата дама“, но безуспешно.

После првото полувреме водеше Риека со головите на Црнко и Лепињица, но во вториот дел се врати италијанскиот претставник со погодоците на Куленовиќ.

Во второто коло од групата 6 на турнирот У19 тимот на Риека на 15. март ќе ги одмери силите против У19 Еуро Њујорк од САД.