Велинов: Боли поразот од Пелистер, но можеме да го изненадиме Вардар!

Работнички не го стартуваше најдобро пролетниот дел од сезоната, но веќе утре за избраниците на Горан Станковски следи нов голем предизвик.

На арената „Филип Втори“, со почеток во 14 часот, ќе ја имаат градската пресметка со Вардар. Крилниот играч Стојанче Велинов најавува голема борба против „црвено-црните“ и верува дека Работнички може да го изненади шампионот.

Не го стартувавме најдобро пролетниот дел од првенството. Поразот од Пелистер се уште не боли, но веќе сме фокусирани максимално на дербито со Вардар.

Верувам дека можеме да одиграме многу подобро од досегашните изданија и да го изненадиме Вардар. Фаворитската улога на ваквите мечеви не ги гарантира бодовите“, вели Стојанче Велинов, фудбалерот на Работнички.

Фото: fkrabotnicki.com