Важен бод за Коњаспор: Јаховиќ ја затресе мрежата и на Бешикташ! (ВИДЕО)

Претходно својот деби гол го имаше во Купот на Турција против Галатасарај (1:1)…

Адис Јаховиќ во дресот на Коњаспор го постигна својот прв гол и во првенството каде што неговиот клуб дома ремизираше 1:1 против Бешикташ.

Македонскиот интернационалец при негатива од 0:1 во 60. минута одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и донесе значаен бод во битката за опстанок.

Моментно Коњаспор е на засега „безбедната“ 15. позиција на табелата со 21 бод, колку што има и Анталијаспор кој пак својот меч од 22. коло ќе го игра в сабота дома против Кајсериспор.

ГОЛОТ НА ЈАХОВИЌ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА 01:07 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ: