Вардарци поразени од Пахтакор на првиот контролен меч во Анталија (ВИДЕО)

На првиот пријателски натпревар на подготовките во Анталија, Вардар го доживеа првиот пораз.

Тимот на Пахтакор со двата гола во второто полувреме, стигна до победата (2:0). Шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски играше со два различни тима во двете полувремиња, а им даде шанса на тројцата голмани.

Во 76. минута гол за Пахтакор, откако не беше досуден прекршок на средината на теренот, противнапад за Узбекистанците по средината на теренот, топката стигна на левата страна до Ибрагимов кој што успеа да погоди во долниот лев агол од голот на Алексовски.

Во тек беше 83. минута кога после акција на Пахтакор од десната страна, беше проигран осамениот Гидиканик кој што од само 2-3 метри ја спроведе топката во празниот гол за зголемување на позитивата и воедно поставување на конечниот епилог.

ВАРДАР (Македонија) – ПАХТАКОР (Узбекистан) 0:2 (0:0)

Комплекс „Каја Палацо“ во Анталија.

Стрелци: 0:1 Ибрагимов 76’, 0:2 Гидиканик 83’

Ж. Картон: Барсегјан (В).

ВАРДАР: Гачевски (39’ Илиќ) (55’ Алексовски), Тодороски (46’ Тошевски), Хамбарџумјан (46’ Новак), Попов (46’ Грнчаров), Глишиќ (46’ Антовски), Глигоров (46’ Охеда), Попзлатанов (46’ Марковиќ), Исени (46’ Стојчевски), Цветаноски (46’ Барсегјан), Блажевски (46’ Стојков), Максимов (46’ Колевски).

ПАХТАКОР: Лобанов, Садулаев, Симиќ, Азамов, Урунов, Нурулаев, Ахмедов, Рахматулаев, Сидоров, Искандеров, Хакимов.

Уште играа: Сујунов, Ибрагимов, Исматулиев, Дигиканик.

Фото: fkvardar.mk