Вардар и Шкендија одиграа нерешено на првото четвртфинале од Купот! (ВИДЕО)

Вардар и Шкендија одиграа 1:1, идентично како во првенствениот натпревар пред една недела во Тетово, овој пат во Купот на меч одигран на Националната Арена „Филип Втори“ – Скопје.

Двата гола паднаа во вториот дел, а овој пат Шкендија имаше предност од 63. мин. преку Ибраими, но Вардар со убавиот гол на Фелипе успеа да израмни во 79. мин. од средбата.

Реваншот во Тетово кој што е на програмата на 7. март во обидот да обебзеди место во полуфиналето.

1/4 ФИНАЛЕ КУП НА РМ

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1:1 (0:0)

Скопје, Национална Арена „Филип Втори“. Гледачи: 500.

Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје).

Стрелци: 0:1 Ибраими 63’, 1:1 Фелипе 79’

Ж. Картони: Тошевски, Глишиќ (В) – Адили, Бејтулаи (Ш).

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Грнчаров, Новак, Глишиќ, Битанг (71’ Максимов), Глигоров, Фелипе, Попзлатанов, Блажевски (83’ Марковиќ), Барсегјан.

ШКЕНДИЈА: Захов, Бејтулаи, Муслиу, Адили, Цуцули, Тотре, Алими, Хасани (90’ Емини), Жуниор (90’ Ввакили), Радески (84’ Фазлагиќ), Ибраими.

Фото: fkvardar.mk