Уживајте: Два прекрасни голови од слободен удар на Барди против Атлетик Билбао! (ВИДЕО)

По подолго време македонскиот репрезентативец им се враќа на головите во шпанската Примера…

Вечерва екипата на Леванте во значаен натпревар за опстанок и покрај негативата на гостувањето кај Атлетик Билбао за краток период успеа да направи пресврт.

Сето ова се случуваше во првото полувреме, после раното водство на домаќините на стадионот „Сан Мамеш“, во 42. и 44. мин., односно за период од 120 секунди Енис Барди му донесе позитива на својот клуб.

И тоа прекрасни погодоци во мрежата на немоќниот Кепа, како што и навикнавме да го гледаме нашиот репрезентативец особено на стартот од сезоната. Погледнете и уживајте: