Уште еден македонски фудбалер доаѓа во Серија А!?

Како што пренесува „Калчомеркато“, Џенова би можела да има уште еден Македонец во своите редови…

Станува збор за нашиот напаѓач Мирко Ивановски кој ги брани боите на хрватскиот клуб Славен Белупо.

Со оглед на тоа што му истекува договорот на крајот од сезоната, како негова наредна дестинација се спомнува Серија А.

Горан Пандев оваа сезона е дел од Џенова со досега 25. одиграни мечеви и три постигнати погодоци. Ивановски е моментно трет стрелец во најквалитетната хрватска лига со 10 голови.

Во најсилното италијанско фудбалско првенство екипата на Џенова после 28. кола е на 13. место со 30 освоени бодови.