УЕФА ги продаде ТВ правата: „Спортклуб“ ќе ги пренесува натпреварите на македонската репрезентација! (ФОТО)

Европската фудбалска куќа (УЕФА) пред неколку дена потпишала договори за откуп на правата за емитување на натпреварите во ново најавената „Лига на нациите“, квалификациите, како и Европското првенство 2020.

Судејќи според списокот на ТВ медиуми кои ги објави УЕФА, натпреварите од македонската репрезентација нема да ги пренесува МТВ.

Наместо на државната телевизија, натпреварите на нашите најдобри фудбалери можат да следат само на „Спортклуб“ каналите.

Како носител „Sportklub“ ги откупи правата на натпреварите на Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Србија.

Секако, МТВ ќе може да пренесува натпревари на македонската репрезентација, доколку од Спортклуб откупат дел од самите мечеви.