У23: Илиев и Арсенал остварија голема победа против Челзи! (ФОТО)

Во рамките од Премиерлига 2 за фудбалери до 23. години голем триумф оствари екипата на Арсенал.

Младите „топчии“ на домашен терен забележаа победа против У23 тимот на Челзи со конечен резултат 3:1 (2:1).

Најпрвин поведоа „сините“ од Лондон со голот на Скот во 14. мин., а потоа следуваше пресврт на нивните противници со по еден погодок на Нкетиах (20.), Џон-Џулс (32.) и Нелсон (65. мин.)

Целата средба за домаќините ја одигра македонскиот голман Дејан Илиев во 11. победа сезонава и моментно второ место на табелата со 35 бодови и меч помалку зад водечкиот Лестер (36).

Во следното коло на 6. април У23 тимот на Арсенал ќе игра на гостувањето кај У23 тимот на Ливерпил кој се наоѓа на третото место во генералниот пласман со 33 бодови.

Својата радост по повод новата победа на фејсбук ја сподели Илиев кој наскоро го очекуваат и репрезентативните обврски со сениорите и закажаните пријателски натпревари во Анталија овој месец против Финска (23. март) и Азербејџан (27. март).