У21: Со кои играчи Србија и Гибралтар ќе играат против Македонија? (ФОТО)

Наскоро ќе започнат нови квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2019 (Италија/Сан Марино) за играчи до 21. година.

Да потсетиме, македонската млада репрезентација предводена од селекторот Благоја Милевски започна успешно со триумф во Ереван убедливо со 0:3 против Ерменија.

Нашите надежи вториот меч ќе го имаат на 6. октомври на Тренинг Центарот „Петар Милошевски“ – Скопје против Србија со почеток од 15:00 часот, а на 10-ти ќе гостува кај „аутсајдерот“ Гибралтар (17:00 ч.)

На табелата водат Русија и Ерменија со по четири бодови, по три имаат Србија, Македонија и Австрија, а на дното е Гибралтар (0).

Цената на влезницата е 150 денари за дуелот на Македонија-Србија (У21) и можете да ја обезбедите преку продажната мрежа на mktickets.

Во продолжение погледнете ги објавените состави на Србија и Гибралтар за престојните мечеви против македонската У21 репрезентација: