У21, Селмани: Верувам до нов позитивен резултат против Србија!

Македонската репрезентација до 21 година денеска ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар против Србија за пласман на Европското првенство 2019 година.

На денешниот тренининг се приклучија Давор Здравковски и Филип Илиќ. Репрезентативците Ремзифаик Селмани и Петар Петковски сметаат дека доколку сите го дадат максимумот, можеме одново да се радуваме на позитивен резултат.

Ова е нов и сосема поинаков натпревар од првиот во квалификациите против Ерменија. Србија е многу силна репрезентација и еден од фаворитите во нашата група. Ние повторно треба да бидеме силно мотивирани, добро да ги одработиме подготовките и да се надеваме на нов успех.

Ќе направиме сѐ што можеме одново да ги израдуваме навивачите и да останеме на првото место во групата“, изјави Петар Петковски, напаѓачот на Вардар.

Ова е почеток на подготовките, се надевам дека ќе бидеме здрави и ќе одработиме најдобро што можеме. Одлично ги започнавме квалификациите, но Србија е вистински предизвик.

Имаат неколкумина фудбалери кои настапија и на ЕП во Полска, сигурно ќе бараат добар резултат и во Скопје, но јас се надевам дека многу од работите ќе зависат и од нас.

Верувам дека можеме до нов позитивен резултат“, вели Ремзифаик Селмани, играчот на унгарскиот клуб Ујпешт.

Македонија – Србија     

Квалификации за ЕП 2019., Група 7

6. октомври 2017., 15:00   

Тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје

http://ffm.mk/bileti-za-natprevarite-na-reprezentacijata-na-makedonija

Фото: ffm.mk