У21: После првото полувреме води Србија против Македонија (ВИДЕО)

После првото полувреме во вториот квалификациски натпревар за ЕП 2019, македонската млада У21 репрезентација губи од Србија со 0:2.

На ФФМ Тренинг Центарот „Петар Милошевски“ – Скопје пред скоро полни трибини, српските надежи воглавно ја контролираа топката, повеќе доминираа на теренот.

Не изгледаше така опасно по голот на нашиот Илиќ на самиот почеток од средбата, избраниците на селекторот Благоја Милевски ја имаа првата убава шанса преку Ѓорѓев кој после една соло акција прекрасно шутираше, но уште подобро интервенираше гостинскиот голман Радуновиќ.

По некое непишано правило дојде казната, спомнавме дека противникот опасно и трпеливо кружеше околу нашиот гол, следуваше невнимателност во нашата одбрана, Радоњиќ го пронајде Лукиќ кој нечуван од никого стрелаше без проблеми за водство на Србија (22 мин, 0:1).

И понатаму некако тешко македонските фудбалски млади сили тешко доаѓаа до противничката половина, поопасно да се заканат и се обидат да ја затресат мрежата.

Во одредени моменти играта се заостри со неколку груби прекршоци на двете страни. Паметно Србите како поранешни светски У20 шампиони го држеа почетното водство, контролирајќи ја топката, трпеливо дојдоа и до нов гол, нашите и понатаму не се осмелуваа повторно да нападнат, во 36. минута Живковиќ, членот на Бенфика со еден прекрасен удар од 20 метри го матираше немоќниот Илиќ (0:2).

Во самиот финиш имавме шанса да намалиме преку Петковски, после еден продор на Чешмеџиев, но сигурен беше повторно голманот на гостите.