У21: Македонија денеска на мегдан против квалитетната Австрија!

Македонската репрезентација до 21. година денеска од 13:00 часот на „Филип Втори“ Арената ќе ги продолжи натпреварите од квалификациите за Европското првенство 2019.

Нов ривал на избраниците на селекторот Милевски е селекцијата на Австрија, а во продолжение погледнете го стартниот состав на Македонија:

Јанков, Симовски, Чешмеџиев, Кулески, Абаз, Костадинов, Селмани, Амановиќ, Георгиев, Елмас, Исени.

Резерви: Илиќ, Садики, Петковски, Кривањева, Илјази, Стојановски, Здравковски.

Моментно во групата 7 води Србија со 12 бодови, 10 има Русија, седум Ерменија, четвртопласирана е Австрија со шест, а по три Гибралтар и Македонија.