У19: Во стартниот состав Елмас, Чурлинов, Атанасов…!

Селекторот Вујадин Станојковиќ ги одреди 11-мина кои ќе настапат од 13:00 часот во првиот квалификациски натпревар за ЕП на турнирот кој што се одржува во Скопје против Швајцарија.

Во една од најталентираните македонски фудбалски генерации настапуваат имиња како Елиф Елмас (Фенербахче), Кристијан Трапановски (Славија Прага), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон), Јани Атанасов (Академија Пандев), Агрон Руфати (Локомотива Загреб), Енис Фазлагиќ (Шкендија)…

Стартниот состав на У19 Македонија за денешниот меч против Швајцарија:

Стевковски, Тодороски, Антовски, Тодоров, Руфати, Трајановски, Чурлинов, Атанасов, Елмас, Митровски, Трапановски.

На резервната клупа се наоѓаат: Иванов, Ристовски, Стоименовски, Митрев, Ферукоски, Фазлагиќ, Стојчевски, Колевски, Миовски.