У19: Македонија против Англија, Унгарија и Летонија за пласман на ЕП!

Македонската фудбалска репрезентација до 19. години ги дозна противниците во елитната фаза квалификациите за пласман на Европското првенство во Финска (16-29 јули 2018 год.)

После ждрепката во Нион, нашите надежи се најдоа во групата 2 заедно со селекциите на Англија, Унгарија и Летонија.

Само првопласираните од седумте квалификациски групи ќе им се придружат на Финците домаќини на следниот континентален собир.

Да потсетиме, во првата фаза од квалификациите на турнирот во Скопје, избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ остварија три максимални победи над Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн.

Да додадеме уште дека У19 селекцијата ги доби и ривалите во првата фаза од квалификациите за пласман во елитната рунда за ЕП 2019 во Ерменија, тие се Чешка, Хрватска и Луксембург во рамките од групата 3.