У19: Македонија по нов голем успех – со една промена за дуелот со Белгија!

После стартната важна победа над Швајцарија од 2:1 на квалификацискиот турнир за Елитна фаза за ЕП…

Фудбалската репрезентација на Македонија предводена од селекторот Вујадин Станојковиќ на Тренинг Центарот „Петар Милошевски“ – Скопје со почеток од 13:00 часот денеска ќе ги одмери силите против фаворитот во групата, Белгија.

Со нов евентуален триумф нашите надежи ќе ја остварат целта, а потсетување дека во последното трето коло на 14. ноември ќе играат против „аутсајдерот“ Лихтенштајн (13:00 ч.)

Селекторот Станојковиќ одлучи да направи само една промена во стартниот состав за денешниот дуел против Белгијците, имено наместо Кристијан Трапановски кој започна од првата минута против Швајцарија, овојпат ќе се започне со играчот на Офенбах, Марко Ферукоски

Стартниот состав на У19 Македонија: Стевковски, Тодороски, Антовски, Тодоров, Руфати, Трајановски, Чурлинов, Атанасов, Елмас, Митровски, Ферукоски.

Натпреварот Македонија – Белгија (13:00 часот) во директен пренос на tv.ffm.mk