У19: Македонија не го оствари сонот ЕП, но барем ја совлада Англија! (ВИДЕО)

После поразите од Летонија (1:2) и Унгарија (3:4), македонската фудбалска репрезентација до 19. години ги загуби шансите за пласман на Европското првенство.

Денеска избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ во последното трето коло на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје го завршија циклусот со триумф над Англија со резултат 2:0.

Уште во третата минута поведоа нашите фудбалски надежи со прекрасни „ножички“ од страна на Атанасов, а конечниот епилог го постави Митровски во самиот финиш од средбата (90+1) после асистенцијата на Маневски.

Во 96. мин. поради груб прекршк Руфати доби црвен картон, но тоа не влијаеше директкно на конечниот исход и првата победа на Македонија во овие за жал неуспешни квалификации од елитната фаза.

Англија и покрај поразот го освои првото место во групата 2 со шест освоени бодови, денеска Летонија дојде и до триум над Унгарија од 3:2, но поради поразот од Англија во второто коло остана на втората позиција исто така со шест бодови. На последните две места по три бодови се најдоа Унгарија и Македонија.

У19 Македонија: Стевковски, Тодороски, Руфати, Трајановски, Маневски, Тодоров, Атанасов (Фазлагиќ 67), Ферукоски (Митровски 62), Елмас, Трапановски (Чурлинов 44), Колевски.