У19: Македонија ја наполни мрежата на Лихтенштајн за прво место во групата 5!

Македонската репрезентација до 19. години ја заврши првата фаза од квалификациите за ЕП на турнирот во Скопје со три максимални победи.

Денеска составот предводен од селекторот Вујадин Станојковиќ на Тренинг Центарот „Петар Милошевски“ – Скопје со убедлив резултат 6:0 беше совладан Лихтенштајн.

Трипати во листата на стрелците се запиша Митровски во 25., 54. и 73. минута, а по еднаш Чурлинов во третата, Колевски во седмата и Миовски во 62. минута од средбата.

Македонија (У19): Стевковски (Иванов 62), Антовски, Чурлинов, Атанасов (Миовски 25), Митровски, Ристовски, Стоименовски, Митрев, Ферукоски (Трапановски 46), Фазлагиќ, Колевски.

Квалификации за ЕП (прва фаза)

Група 5, трето последно коло, резултати:

Лихтенштајн-Македонија 0:6
Швајцарија-Белгија 3:5

Конечна табела

1.Македонија 9 бодови
2.Белгија 6
3.Швајцарија 3
4.Лихтенштајн 0

Според најавите ждрепката за извлекување на групите за настапот во елитната рунда како последна фаза за пласман на ЕП во Финска 2018 (16-29 јули) ќе се одржи на 6. декември 2017 год. во Нион (Швајцарија). Мечевите од елитната рунда ќе бидат одиграни во периодот 19-27 март 2018 год.

Ќе бидат формирани седум групи, и само победниците ќе се пласираат на Еврошампионатот, и тие седум репрезентации ќе им се придружат на Финците, односно вкупно осум национални селекции колку што ќе партиципираат на континенталниот собир.