У19: Македонија брка и трета победа, познат денешниот состав против Лихтенштајн!

Откако претходно избраниците на селекторот Станојковиќ обезбедија пласман во елитната фаза за пласман на ЕП после победите над Швајцарија (2:1) и Белгија (2:1)…

Денеска македонската репрезентација до 19. години ќе оди и на трета победа против „аутсајдерот“ во квалификациската група, Лихтенштајн од 13:00 часот на Тренинг Центарот „Петар Милошевски“ – Скопје.

Откако веќе се оствари целта, Елиф Елмас овојпат не е во составот, односно играчот на Фенербахче ќе им помогне на У21 надежите против Австрија.

Стартниот состав на Македонија (У19): Стевковски, Антовски, Чурлинов, Атанасов, Митровски, Ристовски, Стоименовски, Митрев, Ферукоски, Фазлагиќ, Колевски.

Резерви: Иванов, Тодороски, Тодоров, Руфати, Трајановски, Трапановски, Стојчевски, Миовски.

Квалификации за ЕП (прва фаза)

Група 5, трето коло

(Денеска) 13:00 часот Лихтенштајн-Македонија
(Денеска) 13:00 часот Швајцарија-Белгија

Табела:

1.Македонија 6 бодови
2.Швајцарија 3
3.Белгија 3
4.Лихтенштајн 0