У19, евро-квалификации: Во финишот поразени македонските фудбалерки од Австрија

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години го претрпе и вториот пораз во првата фаза од квалификациите за ЕП.

Денеска нашата селекција загуби од Австрија со резултат 2:0 со голови постигнати во финишот од средбата, односно првиот се случи во 80-та (Шарнбок), а во вториот во 93. минута (Брунталер). Статистички гледано Австријките имаше девет удари во рамките на голот, а Македонија два.

За У19 Македонија настапија: Речи, Гегова, Ѓорѓевска, Максути, Шемсовиќ, Митревска (89, Ристовска), Чубриновска, Димоска (62, Дервиши), Коларовска, Костеска (70 Талевска), Ѓорѓиоска.

На табелата во групата 8 после две кола Белгија и Австрија со по максимални шест бодови веќе обезбедија пласман во втората фаза од квалификациите.

Во третиот последен меч кој нема да решава ништо, но барем шанса за Македонија да се избегне барем дното против Хрватска на 23. октомври 2017 год.