У19 Бундеслига: Чурлинов донесе бод за Келн против Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец (17) имаше нов настап за У19 тимот на Келн…

Неговиот клуб ремизираше со резултат 2:2 на гостувањето против Борусија Дортмунд во својот 23. натпревар од А-јуниорската Бундеслига за играчи до 19. години (дивизија Запад).

При негатива од 2:1, Дарко Чурлинов настапи од 73. мин. како замена за Калисканер, а во 82. мин. му донесе бод на својот тим.

Ова е втор гол за нашиот млад репрезентативец во 21. настап, првиот погодок оваа сезона за У19 тимот на Келн го имаше во гостинското реми против Падерборн (1:1).

На табелата после 11. реми во шампионатот Келн е на четвртото место со 38 бодови, зад водечкото трио Шалке (57), Борусија Дортмунд (49) и Бохум (48).

До крајот на сезоната има да одигра уште три мечеви, редоследно: Минстер (гости), Оберхаузен (дома) и Фортуна Келн (гости).