У19: Браво момци, Атанасов ја однесе Македонија во елитната фаза за ЕП (ВИДЕО)

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза за учество на Европското првенство 2019. година…

Уште една голема победа славеше македонската фудбалска репрезентација на Тренинг Центарот „Петар Милошевски“ – Скопје против Белгија со 2:1.

Со истиот резултат во првото коло избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ ја совладаа Швајцарија и со досегашните шест бода ја остварија целта обезбедувајќи учество во елитната фаза како последен циклус за пласман на следниот континентален собир.

Откако во првото полувреме беше 1:1, клучниот победнички погодок го реализираше Атанасов од пенал во 87. минута од средбата.

Последниот трет меч нашите фудбалски надежи ќе го имаат против „аутсајдерот“ Лихтенштајн од 13:00 часот на истиот терен на 14. ноември.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

У19: Белгија поведе, па израмни Македонија преку Елмас! (ВИДЕО)

Квалификации за ЕП 2019 (У19)

Група 5, 2. коло (резултати)

Белгија-Македонија 1:2
Швајцарија-Лихтенштајн 5:1

1.Македонија 6 бодови
2.Швајцарија 3
3.Белгија 3
4.Лихтенштајн 0