У19: Белгија поведе, па израмни Македонија преку Елмас! (ВИДЕО)

После првото полувреме на евро-квалификацискиот натпревар во Скопје резултатот е 1:1…

Поведе Белгија на Тренинг Центар „Петар Милошевски“ со 0:1 со голот на Фулон реализиран од контра во 10. минута.

Израмнувањето се случи во 24. минута, играчот на Келн, Чурлинов убаво го пронајде талентот на Фенербахче, Елмас кој со глава ја испрати топката во мрежата.