У17: Македонските фудбалски надежи ремизираа со Босна и Херцеговина

Македонската репрезентација до 17. години одигра без голови 0:0 на првиот контролен натпревар против Босна и Херцеговина до 17 години на тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје.

Нашата селекција предводена од Горан Станиќ одигра добар натпревар, доминираше особено во второто полувреме кога голманот на БиХ спречи водство, а пречката од голот исто така беше сојузник на гостинот.

Во првото полувреме имавме прилика преку Даути и Тодоровски, а БиХ најубавата шанса ја пропушти преку Шариќ, неговиот удар со глава го одбрани Андов.

Во продолжението Македонија комплетно доминираше, создаде многу шанси, но чуда на голот правеше Лука Качавенда, голманот на Војводина ги одбрани зицерите на Ерсан Хајдари и Давид Тошевски, а проектилот на Новевски заврши во пречката. Единствената шанса во вториот дел гостите ја имаа преку Хасиќ.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР (У17)

МАКЕДОНИЈА-БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 0:0

МАКЕДОНИЈА: Матеј Андов, Георге Јанкулов, Ален Личина, Емил Скоко, Божидар Митревски, Суад Јонузи, Кире Трпчевски, Јетон Даути, Ерсан Хајдари, Димитар Тодоровски, Сухејиљ Мухарем;

Резерви: Видан Ука, Филип Џамтовски, Александар Ѓурковски, Кристијан Трпчевски, Влада Новевски, Амар Колашинац, Агон Елези, Арби Воша, Куштрим Таири, Давид Тошевски и Ибиши Џемал. Селектор: Горан Станиќ

Според најавите двете репрезентации на истиот терен ќе одиграат уште еден контролен меч в четврток со почеток од 11:00 часот.

Македонија до 17 години се подготвува за квалификацискиот турнир од Елитна фаза за пласман на ЕП кои ќе одржува во Полска од 19. до 28. март. Противници на Македонија ќе бидат селекциите на Полска, Грузија и Република Ирска.

Фото: ffm.mk