У17: Македонија против Република Ирска, Полска и Грузија за пласман на ЕП!

Европското првенство во Англија ќе се одржи во периодот од 4-20 мај 2018 година…

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ќе игра во елитната рунда квалификации.

Да потсетиме, избраниците на селекторот Горан Станиќ во првата фаза од квалификациите на турнирот во Скопје двапати без голови ремизираа со Босна и Херцеговина и Словачка и еден триумф над Молдавија и како најдобро третопласирани обезбедија настап во елитната рунда.

Денеска со ждрепка во Нион „црвено-жолтите“ ги дознаа ривалите, се најдоа во групата 3 со Република Ирска, Полска и Грузија.

Формирани се вкупно осум групи, победниците и седум најдобро второпласирани ќе им се придружат на Англичаните домаќини на ЕП 2018 год.

Мечевите од елитната рунда квалификации мора да бидат завршени до крајот на март 2018 год.