У17: Македонија ги дозна ривалите за квалификациите за ЕП 2019

Македонската фудбалска репрезентација до 17. години ги доби противниците во квалификациите за пласман во елитната рунда за ЕП 2019 во Република Ирска.

Тие се селекциите на Шпанија, Израел и Фарски Острови во групата 4, првопласираните две од секоја група ќе одат диреткно во елитната рунда, како и четири најдобро третопласирани.

Мечевите од првата фаза на квалификациите ќе се одржат во есен 2018, а оние од елитната рунда во пролет 2019 година.