У15, „Турнир на Нации“: Македонија на стартот ремизираше против Хрватска!

Македонската фудбалска репрезентација до 15. години (генерација 2003) вчера го започна настапот на турнирот на Нациите кој што се одржува во Италија…

Во рамките од групата А во првото коло нашите надежи ремизираа со резултат 1:1 против селекцијата на Хрватска.

Единствениот гол за македонската репрезентација го постигна Емир Саитовски за водство во 18. мин., а противникот израмни преку Чубелиќ во 26-та.

Во вториот меч од групата, домаќинот Италија загуби минимално со 1:0 од селекцијата на САД. Денеска од 10:45 часот Македонија во второто коло ќе се сретне против САД.