У15: Македонските фудбалски надежи убедливо поразени од Турција!

Македонската репрезентација до 15 години загуби од селекцијата на Турција до 15 години со 0:5 на првиот од двата контролни натпревари на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Од самиот почеток силната гостинска репрезентација го контролираше дуелот и заслужено славеше убедлива победа. Во првиот дел погодија Емре Демир и Омер Фарух, додека во продолжението во листата на стрелци се запишаа уште Селман Фарух, Емре Јигид и повторно Омер Фарух.

Во првиот дел Македонија имаше шанса да реализира преку Дарко Марковски, а шанса не искористи и Славче Живков. Во четврток двете селекции ќе го одиграат вториот пријателски натпревар.

Македонија до 15 години: Филип Ваневски, Давид Алиоски, Андреј Стојчевски, Стефан Деспотовски, Елмадин Рамадани, Октај Рекипи, Дарко Стојановски, Бехар Фета, Дарко Марковски, Марко Мишовски и Десмир Елези;

Стефан Митрев, Виктор Шаурек, Ване Крстевски, Грегори Давков, Славче Живков, Лука Ѓурѓиевски, Дамјан Ќосевски, Енсер Рамадани, Реџеп Самет и Кристијан Николовски.