Тројца фудбалери на Шкендија на „радарот“ на Динамо Загреб!

Во изминатиот период на зимските подготовки во Анталија, македонскиот есенски шампион без голови 0:0 одигра против Динамо Загреб.

Во хотелот на хрватскиот гигант беше и спортскиот директор на тетовскиот прволигаш Висар Беџети. Како што пренесува „sportske.jutarnji.hr“, Динамо Загреб покажал интерес кон тројца играчи на ФК Шкендија.

Станува збор за Енис Фазлагиќ, роден 2000. година, еден од најталентираните играчи во нашата земја, потоа репрезентативното крило Марјан Радески и одбранбениот фудбалер Мевљан Мурати.