Тричковски стрелец, АЕК Ларнака четвртфиналист во кипарскиот куп! (ВИДЕО)

Откако на првиот натпревар од осминафиналето триумфираше со 4:0, АЕК Ларнака забележа нов триумф во Купот на Кипар.

На реваншот на гостински терен славеше минимално со 1:2 против составот на Арис, а свој придонес во победата имаше Иван Тричковски.

Откако поведоа домаќините со голот на Марагудакис во 27. мин., израмни македонскиот интернационалец во 32. минута, а конечниот епилог го постави Русиас во 82. мин. од средбата во Лимасол.

ГОЛОТ НА ТРИЧКОВСКИ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ОД 01:20 МИН. НА ВИДЕО ЗАПИСОТ: