Тренерот на Работнички Станковски ја најави првата прозивка

Зимскиот одмор за фудбалерите на Работнички завршува в петок.

Шефот на стручниот штаб Горан Станковски за 5.јануари, со почеток во 13 часот, ја закажа првата прозивка на тимот, со која ќе биде означен и стартот на подготовките за пролетниот дел од сезоната.

В петок, со почеток во 13 часот, ќе биде извршена првата прозивка, првите два дена ќе имаме по еден тренинг, а потоа ќе ја удвоиме дозата на тренинзи.

Треба добро да се подготвиме за пролетниот дел од првенството“, истакнува шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.

Првата фаза ќе биде одработена во Скопје, а потоа фудбалскиот клуб Работнички и оваа зима ќе замине на подготовки во турската база Анталија.

„Романтичарите“ ќе престојуваат во Турција од 22. јануари до 1. февруари и веќе се договорени и четири пријателски натпревари.

На 24. јануари составот од „Градски парк“ ќе одигра пријателски натпревар против Габала (Азербејџан), а два дена подоцна ќе тестира против Кешла (поранешен Интер Баку), исто така прволигаш од Азербејџан.

На 29. јануари ривал ќе биде рускиот тим Динамо Санкт Петербург, а на 31. јануари ќе следи тестот против украинскиот прволигаш Мариупол.