Откако на првиот натпревар во осминафиналето од фудбалскиот Куп на Македонија беше 2:2…
На реваншот денеска одигран на Игралиштето на АМС Спортски центар Тетово, екипата на Тетекс со резултат 3:2 го совлада Кожуф Гевгелија и со вкупни 5:4 се пласираше во четвртфиналната фаза.
Стрелци на головите за Тетекс беа Азири, Станковски од пенал и Дервиши. Уште шест патници во четвртфиналето ќе дознаеме утре (среда), а поради настапот на Вардар во Лига Европа, во понатамошниот период ќе ги игра мечевите со Шкупи.
Осминафинале, реванш, Куп на Македонија 2017/2018
14:30 ч.
Академија Пандев-Силекс (0:1)
Борец-Пелистер (2:4)
Еуромилк-Скопје (0:3)
Победа-Брегалница (3:2)
Шкендија-Работнички (1:1)
Струга Трим Лум-Ренова (2:3)
(во заграда се резултатите од првите натпревари)