Тајланд: Нови два гола за Ѓуровски во дресот на Бангкок Глас! (ВИДЕО)

Во рамките од шестото коло на најсилната тајландска фудбалска лига вистинска голеада на дуелот Бангкок Глас-Прачуап.

Гостите триумфираа на крајот од средбата со конечен резултат 3:4 за вкупно трет пораз сезонава за домашната екипа.

После првото полувреме гостинските играчи водеа со 1:4, а во вториот дел на сцена стапи македонскиот интернационалец Марио Ѓуровски кој ги постигна останатите два гола за домашниот тим.

Најпрвин намали во 80. мин, а конечниот епилог го постави во самиот финиш од средбата (90+6). Досега во дресот на Бангкок Глас има вкупно три погодоци.

На табелата неговиот клуб е на 11. место со седум бодови, а во следното коло на 28. март на домашен терен ќе ја пречека Патаја.

ПРВИОТ ГОЛ НА ЃУРОВСКИ НА 08:58 МИН. ОД ПРВИОТ ВИДЕО ЗАПИС –

ВТОРИОТ ГОЛ НА ЃУРОВСКИ НА 11:15 МИН. ОД ВТОРИОТ ВИДЕО ЗАПИС –