Снежно, но полно со голови во Првата македонска лига! (ВИДЕО)

Се одиграа три од најавените четири натпревари в недела во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ).

Како што и се најавуваше во нашата земја преовладува снежното време, но тоа не им пречеше на стрелците повторно да се запишуваат во листата на стрелците.

Шкендија на домашен терен со минимален резултат 1:0 успеа да ја совлада екипата на Академија Пандев со голот на Хасани во 79. мин. од средбата.

Воедно овој дуел го одбележаа и двата црвени картони, по еден на двете страни, најпрвин кај домаќините Фазлагиќ во 21-та, а Чешмеџиев кај гостите во 53-та мин. на Градскиот стадион во Тетово.

Потоа, ремизираа 1:1 тимовите на Скопје и Ренова, немаше погодоци во првото полувреме, но затоа во второто скопјани поведоа преку Бопесу (77.), а „гипсарите“ израмнија во 90-та. Напомена дека пред погодокот на домашниот состав, Скопје остана без еден играч на теренот поради вториот жолт картон на Јаневски (68.)

Најмногу голови имаше на пресметката Победа-Шкупи (3:3). Водеше тимот од „Чаир“ после првите 45. мин. со 1:2. Уште во првите 10. мин. водеше скопскиот тим благодарение на Типуриќ и Адем, а прилепчани намалија од пенал (Најдовски, 42.)

Во вториот дел израмни Победа преку Гешоски (56.), истиот играч донесе позитива во 75-та, а конечниот епилог го постави Асани (85. мин.)

1МФЛ, 21. коло

Сабота

Работнички-Вардар 2:1

Недела

Скопје-Ренова 1:1
Победа-Шкупи 3:3
Шкендија-Академија Пандев 1:0
Силекс-Пелистер (одл.)

Табела:

1.Шкендија 53 бодови
2.Вардар 42
3.Силекс 32

4.Работнички 27
5.Шкупи 27
6.Академија Пандев 26
7.Ренова 21

8.Победа 21
9.Пелистер 20
10.Скопје 12

Фото: kfshkendija.com