Словенија: Ибраими асистент во победата против Марибор! (ВИДЕО)

Во рамките од 23. коло во најсилното словенечко фудбалско првенство Домжале славеше со 1:2 против Марибор.

Најпрвин поведоа гостите со голот на Сирок во 10. мон., а зголеми Бизјак на стартот од второто полувреме после асистенцијата на македонскиот интернационалец Агим Ибраими.

Ибраими против својот поранешен клуб настапи до 87.мин. од средбата на „Људски врт“ кога беше заменет од интернационалецот од Јамајка, Николсон. Во истиот клуб на целиот меч настапи вториот наш интернационалец Зени Хусмани.

На спротивната страна единствениот гол за домаќините беше дело на Врсиќ во 89. мин. На табелата води Олимпија Љубљана со 52 бодови, пред Марибор (48) и Домжале (40), со напомена дека тимот на Ибраими и Хусмани имаат и еден меч помалку.

Ова е седма победа по ред во првенството за тимот на Домжале: