„Скаут“ на Лидс го следел настапот на Барди на мечот со Еспањол!?

Како што се шпекулира низ социјалните мрежи, нов клуб е заинтересиран за македонскиот репрезентативец…

Според информациите, „скаут“ на Лидс Јунајтед во чии редови настапува Езгјан Алиоски го следел вечерва настапот на Енис Барди на реванш осминафиналниот натпревар од Копа дел Реј против Еспањол.

После триумфот од 1:2 на првиот меч, Леванте разочара на домашен терен и на крајот беше елиминиран со резултат 0:2.

Останува да се види во наредниот период дали навистина Лидс кој сезонава се натпреварува во Чемпионшип и се бори за место во Премиерлигата е во трката за потписот на 22-годишниот играч за врска во нападот чија вредност моментно изнесува пет милиони евра во дресот на шпанскиот клуб.