Шкендија ќе тестира со Динамо Загреб на тренинг кампот во Анталија (ФОТО)

Како дел од зимските подготовки, фудбалскиот клуб на Шкендија ги објави пријателските натпревари кои ќе ги има на Тренинг кампот 2018 во Анталија.

Цирих од Швајцарија, хрватскиот гигант Динамо Загреб на македонскиот интернационалец Аријан Адеми, Кабала од Азербејџан и украинскиот Олимпик Доњецк ќе бидат ривали на тетовскиот клуб и воедно есенски шампион за натпреварувачката сезона 2017/18 во Првата лига.

Како што е познато веќе избраниците на тренерот заминаа на зимски одмор кој ќе трае до 3. јануари. Првата фаза од подготовките ќе се одвива во Охрид (9-16 јануари).

Втората фаза е планирана да се одржува во Анталија од 20. јануари и се најавени четири контролни средби.

Пријателски натпревари, Тренинг камп Анталија 2018

Шкендија-Цирих (Швајцарија) 22. јануари 2018
Шкендија-Олимпик Доњецк (Украина) 26. јануари 2018
Шкендија-Динамо Загреб (Хрватска) 30. јануари 2018
Шкендија-Кабала (Азербејџан) 3. февруари 2018

Да додадеме уште дека во Анталија ќе заминат уште четири прволигаши, Работнички, Силекс, Академија Пандев и Вардар.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Работнички ги договори контролните мечеви за подготовките во Анталија!