Шкендија го елиминираше Вардар од Купот на Македонија! (ВИДЕО)

После нерешените 1:1 на првиот натпревар од четвртфиналето, се одигра реванш мечот помеѓу Шкендија и Вардар во рамките од Купот на Македонија.

Убедливи беа избраниците на тренерот Ќатип Османи славејќи со конечен резултат 4:0 благодарение на головите на Ибраими во 53., 56. и 66. мин., како и на Муслиу во 80. мин. од средбата на Градскиот стадион во Тетово.

На тој начин Шкендија обезбеди пласман во полуфиналето каде што од претходно веќе се најдоа Академија Пандев, Ренова и Пелистер.

Фото: kfshkendija.com