Селекторот на сениорите, Ангеловски: Среќен сум што се враќа Адеми!

Селекторот на Македонија Игор Ангеловски го врати во репрезентацијата фудбалерот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, на кој му истече двегодишната суспензија од УЕФА поради допинг.

Среќен сум што се враќа еден таков фудбалер, кој веќе од 7. октомври ќе има право да настапува за нашата репрезентација и ние мораме да направиме се што е во наша моќ, заедно со неговиот клуб, да се врати во натпреварувачка форма“, рече селекторот на македонската сениорска репрезентација, Игор Ангеловски.

Наскоро „црвено-жолтите“ ќе ги започнат подготовките за последните два квалификациски натпревари за СП 2018 Русија против селекциите на Италија во Торино на 6. октомври и Лихтенштајн на стадионот „Младост“, Струмица три дена подоцна.