Селекторот Ангеловски одбра 21 фудбалер за контролниот меч против Норвешка (ФОТО)

Селекторот на најдобрата репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски одбра 21 фудбалер за контролниот натпревар на македонската репрезентација против Норвешка на 11. ноември 2017. на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Скоро со истите сили од неодамнешните завршени мундијалски квалификации ќе настапат „црвено-жолтите“ во претстојниот контролен меч.

Единствено во конкуренција за голманската позиција од претходниот собир не се наоѓа Дамјан Шишковски (Работнички), потоа Елиф Елмас е повикан од У19 репрезентација да настапува на евро-квалификацискиот турнир во Скопје од 8-14 ноември против Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн, а во нападот го нема Адис Јаховиќ, најдобриот стрелец од најквалитетната турска лига.

Составот на Македонија:

Голмани – Столе Димитриевски (Гимнастик, Шпанија), Давид Митов Нилсон (Норкопинг, Шведска)

Одбрана – Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија), Кире Ристевски (Вашаш, Унгарија), Кристијан Тошевски (Пелистер), Дарко Велковски (Вардар), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Висар Муслиу (Вардар)

Среден ред – Стефан Спировски (Ференцварош, Унгарија), Ферхан Хасани (Шкендија), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед, Англија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Бобан Николов (Вардар), Љупчо Дориев (Академија Пандев), Никола Ѓорѓев (Твенте, Холандија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Марјан Радески (Шкендија)

Напад – Горан Пандев (Џенова, Италија), Илија Несторовски (Палермо, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Александар Трајковски (Палермо, Италија)