Секуловски не е повеќе тренер на ФК Пелистер (ФОТО)

Марјан Секуловски официјално ја напушти клупата на фудбалскиот клуб Пелистер…

Оваа информација ја потврди на својата фејсбук профил каде што ја изразува својата благодарност кон ФК Пелистер за досегашната соработка:

Ви благодарам на сите Вас за прекрасните 3 месеци и заедничка работа. Горд сум што бев дел од вас, фудбалери, стручен штаб, администрација, управа, навивачи.

Само еден тим, само еден град, само Пелистер, само Битола!!!“.

Во борбата за опстанок, Пелистер од клупата ќе го води Неџат Хусеин. Да потсетиме, во 28. коло Пелистер во пелагониското дерби ремизираше 1:1 против прилепска Победа.

Пелистер се наоѓа на претпоследното деветто место со 25 бодови, а во следната рунда на 22. април (недела) од 16:00 часот ќе му гостува на Работнички.

Фото: facebook.com/marjanmane/