Сегунда, значаен бод за Химнастик: Димитриевски одбрани пенал во 91 минута! (ВИДЕО)

Во рамките од 22. коло во шпанската фудбалска Сегунда, екипата на Химнастик ремизираше на гостувањето кај Алмерија (1:1).

Поведоа домаќините со голот на Фидел во 59. минута, 20. минути подоцна дојде израмнувањето од страна на гостите после автоголот на Морено.

Македонскиот интернационалец, голманот Столе Димитриевски настапи за Химнастик и во 91. минута стана херој откако му одбрани пенал на Верза во 91. минута.

Значаен бод за неговиот клуб кој засега го одржува опстанокот во втората најквалитетна шпанска лига, заземајќи го моментно 16. место со 25 бодови, само четири повеќе од Барселона Б кој што е во опасната зона. Во следното коло на 18. јануари Химнастик повторно ќе гостува овојпат кај Осасуна.

-НАЈИНТЕРЕСНИТЕ МОМЕНТИ ОД НАТПРЕВАРОТ АЛМЕРИЈА-ХИМНАСТИК (1:1) МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА ВИДЕО ЗАПИСОТ ТУКА