Сегунда: Димитриевски ја спаси победата против Ваљадолид! (ВИДЕО)

Денеска во рамките од 34. коло во втората шпанска фудбалска лига три бода за составот на Химнастик.

На домашен терен со минимален резултат 1:0 избраниците на тренерот Ривас успеаја да го совладаат подоброрангираниот Ваљадолид.

Стрелец на единствениот гол за домаќините беше Вазкез во 89. мин. од средбата после асистенцијата на Хименез.

Гостите имаа шанса да извлечат бод од овој дуел, но тоа не го дозволи македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски кој одлично реагираше.

Засега Химнастик добри ја води битката за опстанок во Сегунда, моментно е на 14. место со 42 бодови, а во следното коло на 15. април ќе гостува кај Р. Овиедо.

НАЈИНТЕРЕСНИТЕ МОМЕНТИ ОД НАТПРЕВАРОТ ХИМНАСТИК-ВАЉАДОЛИД (1:0) МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА