Работнички на заслужен зимски одмор до 5 јануари

Сениорскиот погон на Работнички од денеска заминува на заслужен зимски одмор до 5.јануари.

Тренерот Горан Станковски ги распушти фудбалерите, откако вчера ја одработија и последната првенствена обврска за 2017 година, играјќи го одложениот меч против Вардар, кој го загубија со 1-0.

По 18 одиграни кола, „романтичарите“ ќе презимат на петтата позиција на табелата во Првата македонска лига (1МФЛ) со 23 освоени бода.

Фудбалерите заминуваат на заслужен одмор. Првата прозивка по зимската пауза е закажана за 5.јануари, кога активностите ќе почнат со задолжителните лекарски прегледи, по што ќе биде означен и старт на подготовките за пролетниот дел од сезоната“, вели шефот на стручниот штаб, Станковски.