Работнички на последната контролка ремизираше со Беласица

После одработените зимски подготовки изминатиот период во Анталија…

Составот на Работнички се врати во Скопје и денеска го имаше последниот пријателски натпревар во пресрет на стартот на пролетниот дел од Првата македонска лига (1МФЛ).

На вештачкото игралиште во Ѓорче Петров, Работнички ремизираше без голови против второлигашот Беласица.

Тренерот Горан Станковски ја увиде моментната форма на фудбалерите и ќе се обиде да корегира дел од грешките до почетокот на шампионатот, што стартува за седум дена.

Мислам дека одработивме одлични подготовки. Задоволен сум секако од условите што ги имавме во Анталија, како и од нашата реализирана програма.

Новите фудбалери се вклопија добро во нашиот тим, ја прифатија филозофијата на играта, и сега останува да финишираме со подготовките во Скопје, пред почетокот на пролетниот дел од првенството“, рече тренерот на ФК Работнички, Горан Станковски.

На 14. февруари со почеток од 14:00 часот „романтичарите“ ќе го имаат првиот меч од првенството оваа година дома против Ренова. Работнички моментно е на петтото место на табелата со 23 бодови, два помалку од Академија Пандев на четвртата позиција.

Фото: fkrabotnicki.com