Прв историски бод за Вардар во Лига Европа! (ВИДЕО)

Вечерва на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, прв историски бод за македонскиот шампион во својата дебитантска сезона во Лига Европа.

Вардар предводен од тренерот Чедомир Јаневски ремизираше со конечен резултат 1:1 против норвешката екипа на Розенборг, и двата голови беа реализирани во текот на првото полувреме.

Најпрвин во деветтата минута поведоа „црвено-црните“ со голот на Бразилецот Итало после асистенцијата на Николов, а непосредно пред паузата од пенал израмни Бендтнер после прекршокот на Гачевски во казнетиот простор.

Вардар: Гачевски, Демири, Новак, Грнчаров, Муслиу, Николов (Марковиќ 80), Глигоров, Блажевски (Џигаури 84), Фелипе, Барсегјан, Итало.

Лига Европа, 6. последно коло (резултати):

Вардар-Розенборг 1:1
Реал Сосиедад-Зенит Ст. Петерсбург 1:3

Конечна табела:

1.Зенит Ст. Петерсбург 16 бодови
2.Реал Сосиедад 12
3.Розенборг 5
4.Вардар 1

Фото: fkvardar.mk