Примера: Барди подобар стрелец од Роналдо, Суарез, Иско, Бака…!

Македонскиот репрезентативец (22) е вистинско откритие во најсилната шпанска лига оваа сезона…

Вчера неговиот клуб Леванте ремизираше на гостувањето кај Еибар со резултат 2:2, а за 0:2 се погрижи Енис Барди во текот на првото полувреме.

Од друга страна, тоа што не е добра вест за тимот на Муниз е што веќе петти натпревар по ред не може да дојде до нови три бода во Примера.

Нашиот интернационалец досега од девет настапи има четири голови и се наоѓа на делба на шестата позиција на листата најдобри стрелци каде што води аргентинската ѕвезда на Барселона, Лионел Меси со 12 погодоци (еден од пенал).

Барди во досегашниот тек од шампионатот има повеќе голови од врвни имиња како Караско (Атлетико Мадрид), Иско (Реал Мадрид), Асенсио (Реал Мадрид), Луис Суарез (Барселона), Иљараменди (Реал Сосиедад), Карлос Бака (Виљареал) кои имаат по три голови.

А најдобриот фудбалер на светот Португалецот Кристијано Роналдо од шест настапи само еден гол реализиран пред скоро две недели против Хетафе.